Од петок врнежи од дожд, пораст на температурите и топење на снегот

Сподели со своите пријатели

Наутро по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Преку денот променливо облачно со почести сончеви периоди на североисток. Кон крајот на денот во југозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе бидат во интервал од 1 до 7° С.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 3 степени. Во текот на ноќта ќе има мал пораст на температурите, односно за разлика од двоцифрените минусни температури, ноќва ќе имаме само -2 степени целзиусови.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, почести на истокот од земјава. По котлините ќе има појава на магла. Денес и утре претежно во јужните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, претежно во западните делови. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.