Нов земјотрес околу 21 часот го стресе Скопје

Сподели со своите пријатели

Вечерва во 21:46 часот е регистриран нов земјотрес во Скопје со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала, пренесе Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Претходно, во 15:10 денеска попладнето удри најсилниот земјотрес од серијата денешни земјотреси и истиот имаше јачина од 5.3 степени по Рихтеровата скала.

Сеизмолошкиот центар при ПМФ информираше дека денеска се регистрирани околу 15 последователни послаби земјотреси на територијата на Република Македонија.

Од посилниот попладнево медицинска помош побарале над 50 лица со скршеници и со покачен крвен притисок поради стресот, регистрирани се четири пожари, а дел од граѓаните панично го напуштаа Скопје. Оние кои останаа пак со страв од нови потреси.