Кумановец исчезнал од дома, семејството бара помош во потрагата

Сподели со своите пријатели

Педесет и деветгодишниот Драган Цветковски од Куманово вчера околу 13 часот откако излегол од својот семеен дом во населбата Гоце Делчев се смета за исчезнат.

Последен пат Цветковски бил виден вчера околу 13:30 часот во близина на ресторанот „Бела Дона“. Случајот бил пријавен во полицијата, а од СВР Куманово се уште трагаат по лицето.

Според неговото семејство, Цветковски имал здравствени проблеми и до сега не се одалечувал од својот дом. повремено знаел да прошета до локалитетот Кисела вода во Проевце, но сега се сомневаат дека се изгубил и поради своите здравствени проблеми не може да се врати дома.

Драган е висок околу 180 сантиметри, има црна коса, а кога исчезнал бил облечен во сива јакна, темно кафеави панталони и сива капа. Членовите на неговото семејство се обратија до нашиот портал и ги замолуваат сите граѓани доколку го препознаат да се јават на телефонскиот број 071-559-608 или во полициската станица.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.