10.05.2017 22:27

Како да спиете подобро? Корисни совети за подобар сон


Недостатокот на сон може да влијае на вашето здравје, а само една ноќ немирен сон е доволна да ги загрози вашата кондиција и расоложение. Постојат многу начини со кои можете да си ги подобрите навиките за спиењето.

Ова се дел од нив:

Како ноќта полека се приближува, постепено пригушете го светлото во станот, за да направите опуштена атмосфера, која е поподнослива за очите.

ЗА ДОБАР СОН: Никако не станувајте ако се разбудите во сред ноќ

Одржувајте ја собната температура измеѓу 16 и 18 степени целзиусови и проветрувајте. Средете ги расфрланите работи од просторијата, кутии, книги, облека…

Пригушени и меки тонови во просторот, светло сини и крем нијанси прават помирна атмосфера, за разлика од светлите и стимулативни бои, како што се црвената и портокаловата.

Испрекинатиот сон е полош од недоволното спиење

loading...

Алкохол, шеќер и кофеин треба да ги избегнувате доцна навечер, бидејќи ви го вознемируваат сонот и ве одржуваат будни.

Исто важи и за мобилниот телефон, лап топот и телевизорот. Исклучете ги и не дозволувајте вашата спална соба да стане продолжение на дневната соба или канцеларија. Наместо тоа, на крајот на денот нарпавете топла купка, збогатена со масло, за да се опуштите пред спиење.

Што би се случило доколку не спиете една недела? (видео)

Потрудете се, доколку тоа е можно, заминувањето на спиење и утринското будење секој ден да ви бидат во исто време.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments