Хаосот на Табановце никако да се реши во полза на бегалците (видео)

Сподели со своите пријатели

Седумстотини и шеесет бегалци е бројката која веќе неколку денови се повторува во извештајот од Прифатниот центар Табановце, јавува Регионалниот центар за управување со кризи.

Во таа бројка влегуваат 124 бегалци од Ирак, 19 од Сирија, а останатите се странски државјани од Авганистан.

За бегалците кои веќе неколку дена се заглавени на граничниот премин со Србија, од страна на повеќе невладини организации се обезбедени по три оброка –појадок, ручек и вечера за сите лица, јавува РЦУК.

Транзитниот центар во текот на вчерашниот ден е посетен од организациите GIZ, Save the children, UNFPA, но и од телевизиските екипи на TV B92, Алфа ТВ, ТВ К3, ТВ Плус и делегација на УНХЦР.

Две малолетни момчиња од Авганистан во текот на вчерашниот ден побарале помош за пронаоѓање на семејството, од каде биле упатени до одговорните лица на Црвен Крст за обновување на семејните врски.

Тимовите на итната медицинска помош немаат регистрирано интервенции на ПЦ Табановце.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.