Голем централен митинг на СДСМ во Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Социјалдемокартскиот сојуз на Македонија и коалициските партнери вчеравечер одржаа голем централен митинг на градскиот плоштад во Куманово, каде пред граѓаните се обратија Максим Димитриевски и Оливер Спасовски како кандидати за пратеници во втората изборна единица и Зоран Заев како предводник на здружената коалиција.

 

Loading...

dsc_0103

 

Тие пред граѓаните ја претставија својата програма под насловот „План за живот во Македонија“, а лидерот на партијата јавно го повика својот опонент Никола Груевски на дебата.

Сакам да го повикам Груевски да прифати дуел. Уште неколку денови останаа. Требаше денеска во 10 часот да биде на телевизијата 24 Вести. Отидов, празно столче, го нема Груевски. Емисијата ќе оди вечерва во 9 часот, тој нема да биде таму, останав сам. Ајде овдека од Куманово да му кажеме, ако избега од оваа кампања, тоа значи дека си кукавица. – рече Заев.

dsc_0266

 

Воедно, првиот човек на СДСМ најави и расветлување на настанатите од 9ти и 10 мај во Диво насеље, додавајќи дека Куманово е сплотено, па затоа Груевски и Ахмети се плашат да дојдат без силно полициско обезбедување.

Вака сплотени ќе му докажеме на целито свет дека силата и успехот се во единството, во сплотеноста, во еднаквоста, во рамноправноста, затоа уплашени лажат и тоа лажат со опашки. Велат федерализации, кантонизации и бакрачи и глупости секакви, кој од Албанците побарал од Заев федерализација? Знаете што бараат Албанците од Заев? Тоа што го бараат и Срби, Турци, Власи и Роми, Бошњаци, Еќипќани, бараат повеќе пари во секое семејство, бараат чесна плата, бараат убаво и добро обарзование за своите деца, добро здравсто кое што ќе лечи, бараат живот, заеднички живот во оваа наша Македонија. Ветувам овде пред Куманово, просечна плата од 30.000 денари, повраток на данок на додадена вредност од 15%, ветувам горди работници, со работнички права, силни сандикати, ветувам достоинствени пензионери кои никогаш повеќе никој нема да ги лаже. Ветувам поддршка на лицата со попреченост, на самохраните мајки, на социјално загрозените и угнетените, на враќање на парите назад кон граѓаните – додаде Заев.

dsc_0257

 

Свое обраќање пред присутните имаше и Оливер Спасовски, носител на листата кандидати за пратеници во втората изборна единица, кој упати порака пред кумановци дека е доста од лаги и кражби, туку е време за живот во Македонија.

Го плаши Груевски, планот за живот во Македонија, но најмногу го плаши тоа што ќе има конфискација на украдениот имот и враќање назад кај граѓаните. Го плаши тоа што веќе нема да биде господар на човечките судбини, го плаши нашата истрајност и решителност, еднаш засекогаш да ставиме крај на неговото криминално владеење. Затоа се обврзуваме, овде пред моето Куманово, уште во првите 100 дена трајно ќе го решиме проблемот на стечајните работници, затоа што предолго беа газени, мамени и злоупотребувани. Овде даваме збор и даваме поддршка и на Лиле и на сите стечајци од Куманово – рече Спасовски.

dsc_0235

Loading...

 

Свое обраќање пред кумановци имаше и кандидатот за пратеник, Максим Димитриевски, кој упати порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека Куманово  никогаш нема да го заборави 9ти мај.

Кога пукаа пуштике и кога имаше како беше ќе напарвиме и војна ако треба, денеска во Куманово живеат 115.000 истрауматизирани граѓани. Куманово не е град кој генерира тероризам, Куманово е град слободноумен, на чести домаќини и луѓе, силни по својот темперамент, борбени. А вие почитувани Кумановчани покажавте како се сака својот град и државата. Овој град е Македонија во мало. Знаеше што се случува и ги надмина сите препреки и проблеми. Му кажавме на тоа сценарио НЕ, а со тоа ја задолживме Македонија многу – рече Димитриевски.

dsc_0175

 

Тој упати и порака до Зоран Заев дека на Куманово треба да му се надомести она што било пропуштено во владеењето на ДПМНЕ, но и ги критикуваше настапите на Никола Тодоров и членовите на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе го рестартирал Тодоров „1ви Мај“, а од него нема повеќе ништо, таму се гради станбено-деловен комплекст, Житомел може да се реставрира и да биде музеј на времето за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Таква иднина Куманово не заслужува. Ние заслужуваме многу повеќе и затоа со нашиот план за живот ќе го обновиме и Куманово, ќе ја обновиме и Република Македонија – додаде Димитриевски.

dsc_0165

 

Пред кумановци свои обраќања имаа и Мухамед Зекири и Фросина Ташевска Ременски кои промовираа дел од програмата на СДСМ и коалицијата.

dsc_0134 dsc_0151 dsc_0166 dsc_0190 dsc_0192 dsc_0206 dsc_0214 dsc_0218 dsc_0219 dsc_0222 dsc_0245 dsc_0251 dsc_0252 dsc_0298 dsc_0309