Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен дожд претежно во западните делови и на североисток. На високите планини во северозападниот дел од земјава со услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 13° С, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево до умерено болачно време. Ќе дува слаб ветер од источен, односно јјугоисточен правец, а максималната дневна темепратура ќе достигне 8 степени целзиусови. Во текот наноќта се очекува зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со појава на магла претпладне по котлините и речните долини. Ќе има повремен слаб локален дожд претежно во западните делови на земјава. Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне.
Од вторник попладне ќе почне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат, на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините. До понеделник ќе се задржат повисоки дневните температури и ќе има позначајно топење на снегот.