Акцијата „Македонија без отпад“ утре и во Куманово

Сподели со своите пријатели

Асоцијацијата за чиста животна средина под мотото „Ајде Македонија“ утре ќе спроведе акција за чистење како најава за националната акција за чистење која утр еќе се одржи на 150 различни локации низ 50 општини во Република Македонија.

Во Куманово акцијата ќе се спроведе на локацијата: Бреино Бреинс и ООУ „Браќа Миладиновци“, а сите заинтересирани можат да се јават на лицето за координација Билјана Ивановска на бројот 071 711 555.

Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ кој има за дел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.

Подетално за останатите локации низ државата на следниот линк.

 

Loading...