ЗПЗП „Козјак 2013“ го одбележа Денот на планината со едукативно предавање (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

ЗПЗП „Козјак 2013“ денеска на локалитетот Студена вода одржа едукативно предавање за основните познавања на планинарењето.

Loading...

 

 

Повод за ваквата активност беше вчерашниот Светски ден на планината, ден кој традиционално во минатото се одбележувал со акцијата од Водно до Матка. Оваа година настанот не се одржа поради пандемијата од Ковид-19, па кумановските планинари од здружението „Козјак 2013“ денот го одбележаа со едукација на помладото членство.

– Во нашето друштво има доста членови нови, но и за оние постарите секогаш е потребно нешто да се повтори и секогаш може нешто ново да се научи. Имаме тука опрема за летни и зимски услови за планинарење. Обуката ќе ја водат водичи имаме неколку водичи и ќе помагаат оние што се поискусни. Имаме и млади планинари најмлади ни се од 4 и 7 години. И имаме околу 90 членови и навистина има потреба од вакви обуки, изјави Ангела Петковска, претседател на ЗПЗП „Козјак 2013“.

 

Loading...

 

Пандемијата, како што вели Петковска, во почетокот влијаеше на планинарските активности, но не е забележано драстично зголемување на планинарските тури во однос на минатата година.

– Кога веќе научивме дека мора да живееме со ова, да се придржуваме кон мерките, гледате дека сите носат заштитна маска, а и кога се движиме во планина, држиме дистанца и решивме сепак да уживаме затоа што сме на отворено и мора на некој начин да излеземе од целата психоза која ни ја создаде пандемијата а и луѓето навистина имаат потреба затоа што доста беа затворени, па единствената слобода ни се овие планини, вели Петковска.

 

 

Здружението кое брои околу 90 членови, акциите годинава ги организира во помали групи, на неколку различни места во ист ден, а притоа се почитуваат сите епидемиолошки мерки.

 

Loading...

 

Според водичот, Марјан Милановски, организирани се нешто помалку планинарски тури споредбено со лани, но пандемијата ги натера луѓето повеќе време да минуваат во природа.

 

 

– За жал поради мерки нешто помалку тури се организирани меѓутоа се одржуваат со помали групи, на повеќе дестинации, од друга страна пак оние карантини што беа претходно и мерки ги натераа луѓето повеќе да шетаат во природа, дали организирано или сами, па ете и тоа им бидна нешто ново интересно, можеби некои од тие луѓе ќе дојдат и со нас на планина и тоа беше еден од поводите да организираме вакви обуки, изјави Милановски.

 

Loading...

 

Инаку, најмладиот член во ЗПЗП „Козјак 2013“ има само четири години, а најстариот е над 60-годишна возраст.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply