Зоштп лидерот на Северна Кореја не се одвојува од својот мобилен тоалет?

Сподели со своите пријатели

Дека Ким Џонг-ун е „специјален“ владетел, знаевме од порано. Но, понекогаш овој господин, кој сака да се дружи со Денис Родман и му се заканува на светот со нуклеарно оружје, може да нѐ изненади со своите навики.

Loading...

Неодамна во британските медиуми излезе приказната дека Ким секаде со себе го носи својот приватен тоалет. Тој никогаш не оди на патување без него.

– Би било „незамисливо“ нашиот лидер да користи обичен јавен тоалет – изјавил извор од Северна Кореја, која, се разбира, побарал анонимност.

 

 

Личниот тоалет на владетелот е под строг надзор, а според достапните информации, доколку ве фатат како го користите без дозвола на Ким, ќе бидете погубени.

Преносливиот тоалет е скриен во еден од автомобилите во официјалната колона на Ким и патува со него каде и да оди, пренесува The Sun.

Loading...

– Такви тоалети не се само во неговиот личен воз, туку и во сите мали или средни автомобили со кои патува, па дури и во специјални возила наменети за планински терен или снег – рекол изворот.

 

 

– Во конвојот има неколку возила, така што луѓето не можат да знаат каде е, а има посебен автомобил што му служи како тоалет – заклучува изворот.

И зошто го прави ова?

Па затоа што стравува дека со анализа на изметот и урината странските сили би можеле да дознаат нешто за него, пишуваат медиумите.

Целата приказна за „специјалниот тоалет“ не е ни толку необична.

Loading...

И кралицата Елизабета имала свој. Дури и на тоалетната хартија било јасно означено дека е исклучиво за нејзиното височество.

 

 

Поранешниот дописник на Royal Telegraph Гордон Рејнер открил дека „сè во кралскиот тоалет е означено или запечатено со налепници за да ги предупредат другите дека е резервирано, како што и јас самиот забележав кога упаднав во погрешен тоалет“.

Принцот Чарлс, наводно, имал и специјално тоалетно седиште, кое одело со него кај гостите.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.