Зошто запре руската офанзива во Бахмут?

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина.

Loading...

„Недостигот на војници веројатно ја кочи руската офанзива во градот“, велат Британците.

Тие ги преиспитаа тврдењата на руските медиуми дека платеничката група Вагнер зазела фабрички комплекс во северниот дел на центарот на градот, велејќи дека „веројатно сè уште е спорно“.

„Руските напади се сè уште на намалено ниво во споредба со претходните недели. Едно од клучните достигнувања на неодамнешните украински операции беше веројатно туркањето на руските војници од групата Вагнер од рутата 0506“, објави британското министерство.

0506 можеби е само селски пат, но стана клучна линија за снабдување на украинските војници.

Претходно војниците на Вагнер беа на неколку стотини метри од тој пат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска предупреди дека загубата на Бахмут може да резултира со голем предизвик за Украина и може да ја принуди земјата на компромис со Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...