Речиси сите знаеме за прекарот на полициско комбе за превоз на приведени лица или затвореници – „марица“. Но, малкумина знаат од каде потекнува името.
Иако повеќето веруваат дека полициското комбе прекарот го добило во инспиративен момент на некој шегаџија, вистината е поинаква.
Името “marica” потекнува од англискиот јазик. Уште во 19 век, црните полициски кочии биле нарекувани „Black Maria“ низ целиот англиски јазик.
Сепак, понатамошната етимологија на прекарот не е најсигурна и се дели во две насоки.
Првата е поврзана со „Црна Марија“, позната кобила која освоила многу трки во САД кон средината на 19 век, а заради големата популарност што ја стекнала, станало вообичаено црните коњи да го добиваат нејзиното име. Исто така, меѓу полицајците започнал да се користи изразот „Испрати ја црната Марија“, што се однесувало на бојата на кочијата, но и брзината со која требала да стигне до местото на злосторството.
Според друга теорија, иако е помалку веројатна, потеклото на прекарот е поврзано со Афроамерианката Марија Ли, која поседувала бордел во Бостон во првата половина на 19 век. Бидејќи таа била многу голема и силна, полицијата честопати ја повикувала на помош при интервенции, кога посетителите ќе предизвикале проблеми во борделот.
Се тврди дека Марија била многу ревносна, што полицијата ја повикувала како помош и при други интервенции, така што со текот на времето, полициската кочија, како верен полициски асистент, го добила прекарот „Црна Марија“.
Марија Ли и помaгала на полицијата така што ги уфрлала пијаните престапници од нејзиниот бар во полициското возило.
Black Mary како име за полициска патрола останало до денес во англискиот јазик и вообичаено се користи како кај нас, црна марица, или скратено марица.