Зошто врската помеѓу мајката и синот е толку важна?

Сподели со своите пријатели

Навистина е огромно влијанието на врската помеѓу мајката и синот врз неговата личност и животот воопшто. Покрај тоа, некои истражувања тврдат дека момчињата кои се блиски со нивните мајки растат во стабилни и среќни луѓе, а порталот Bright Side издвои некои од причините зошто оваа врска е толку важна.

Loading...

25 чудни карактеристики кои ги наследуваме од родителите

Тие постигнуваат подобри резултати за време на школувањето

Истражувачите откриле дека врската помеѓу мајката и детето има директно влијание врз развојот на мозокот на детето. Поточно за областите одговорни за учење, меморија и стрес. Мајка која од првите денови е внимателна кон својот син, ги зголемува шансите дека тој ќе постигне подобри резултати во училиште.

Тоа ги чува од проблеми

Друга мала студија покажува дека блиската врска со мама значително го намалува ризикот момчињата да се вклучат во однесување со висок ризик. Во голема мера ова се заснова на приврзаноста на синот кон мајката.

Шест работи во кои родителите најмногу грешат

Самодоверба

Loading...

Поддршката на мајката е моќна сила. Мајките се како лични навивачи кои ја зголемуваат самодовербата. Ако момчето има поддршка од мајка си, тој ќе верува во себе и нема да се плаши да проба нови работи.

Тие ги зајакнуваат неговите социјални вештини

Една студија покажа дека децата кои поминуваат многу време со своите мајки се 20 до 40 проценти подобри во практикувањето социјални вештини. Причината за ова е што постои посилен когнитивен развој што се јавува преку заеднички активности. Покрај тоа што ги учат правилата на социјална интеракција, тие веројатно ќе имаат и подобри вербални вештини.

Тешкиот развод на родителите трајно го нарушува здравјето на детето

Нема место за стереотипи

Неколку студии откриле дека мајките повеќе ги прифаќаат емоциите кај девојчињата отколку момчињата, што на крајот може да доведе до повлекување. Затоа, мајката што пружа поддршка треба да го охрабри своето момче да ги изрази своите чувства.

Таа треба да му објасни дека заради солзите тој нема да биде „помалку маж“. Како резултат на тоа момчето ќе прерасне во емотивно достапен човек, ќе биде искрен со своите чувства и нема да живее според родовите стереотипи.

Емоционална интелигенција

Loading...

Кога зборуваме за стереотипи поврзани со мажи, момчињата поврзани со мајките имаат помала веројатност да развијат проблеми во однесувањето, што може да се меша во нивниот емоционален развој. Тие знаат да се справат со меѓучовечките конфликти, како и да воспостават врски со други луѓе, што е корисно во скоро сите области од нашите животи.

Вака децата растат во ментално силни луѓе: 6 работи кои родителите треба да ги избегнуваат

Тој ќе ги почитува жените

Во основа е невозможно да се замисли дека мажот кој ја сака и се грижи за својата мајка лошо ќе се однесува кон другите жени. Кога се блиски со своите мајки, тие учат како да комуницираат со жените и да учат за нивната психа.

Понизок ризик од проблеми со менталното здравје

Исто така, докажано е дека силната врска помеѓу мајката и синот значително го зајакнува менталното здравје на момчето. Тој учи да се справи ефикасно со проблемите и добива доволно поддршка за да избегне депресија и анксиозност.

Leave a Reply