Шест работи во кои родителите најмногу грешат

Сподели со своите пријатели

Дури и оние родители кои имаат најдобри намери понекогаш прават грешки. Сепак, треба да се биде свесен за тоа какви грешки можат трајно да влијаат врз детето.

Loading...

Многу е важно како се однесувале вашите родители додека ве одгледувале, затоа што тоа мора да имало големо влијание врз вас. Без разлика дали ве сакале или ве занемариле, тие со нивните постапки ви одредиле многу работи, пренесува Business Insider.

Подолу се дадени шест грешки во родителството за кои научно е докажано дека има лош ефект врз децата.

1. Ако родителите ви биле насилни, најверојатно ќе бидете под поголем стресни и со поголема веројатност да заболите од кардиоваскуларни заболувања

Растењето со насилен родител има негативно влијание врз вашето физичко здравје, заклучи студија од 2013 година на Универзитетот во Лос Анџелес.

Истражувачите заклучиле дека оние кои преживеале многу стресни ситуации во детството, имаат повеќе здравствени проблеми како што се висок холестерол, шеќер во крвта, односно дијабетес.

Покрај тоа, стресните ситуации во детството го отежнуваат контролирањето на стресот во зрелоста.

2. Ако вашите родители биле зависници, сте се грижеле за нив како дете, така што не можете да се забавувате во зрелоста

Loading...

Растењето со родители кои се зависници од алкохол или наркотични средства може да го обележат детето, така што тој ќе преземе улога на старател во текот на целиот живот врз сите.

Со самото тоа, кога децата растат, може да имаат проблем да се релаксираат и да се забавуваат како и сите други, затоа што ретко излегуваат од страв дека немаат контрола.

3. Ако вашите родители биле депресивни, веројатно се обидувате да се однесувате како да сте среќни цело време, што може да предизвика да не знаете како да ги искажете вашите вистински емоции

Ако децата ги сметаат своите родители за несреќни, тие се обидуваат да ги развеселат. Така, тие растат со навика да се грижат за нивните родители претендирајќи да бидат среќни, што не е добро за формирање на здрава личност.

Овие деца како возрасни продолжуваат да се преправаат и најчесто не ги покажуваат своите вистински емоции.

4. Ако вашите родители биле премногу грижливи, може да имате проблем со вознемиреност и прекумерна употреба на лекови против болки

Родителите кои сакаат да бидат свесни за секој детал од животот на своето дете и да земат активно учество во сè што им се случува, честопати не им дозволуваат на своите деца да играат без надзор и да не поминуваат премногу време од нив.

Според една студија, децата од такви родители се изложени на поголем ризик од развој на депресија и вознемиреност, како и прекумерна употреба на лекови против болки.

Loading...

5. Насилните родители или родители под стрес можат да предизвикаат децата да се затворат за да се одбранат, што трае до зрелоста

Родителите кои се под стрес, често знаат да „се истресат“ на своите деца и да ги исплашат. За да се справат со ова, децата развиваат одбранбени механизми за да не чувствуваат страв или тага и да се прилагодат на околностите.

Може да предизвика да се затворат емотивно во зрелоста за сите, вклучително и сопствените деца.

6. Ако вашите родители ги отстранувале сите пречки додека сте растеле, ќе бидете анксиозни

Родителите кои не му дозволуваат на своето дете само да се соочи со пречките што се наоѓаат пред него, мислат дека му помагаат, но тоа не е случај.

Така, децата само избегнуваат предизвици што ги зајакнуваат и додаваат на нивната умешност и снаодливост.

Затоа, кога растат, овие деца не се соодветно подготвени за предизвиците на светот, што може да доведе до анксиозност.

Leave a Reply