Зошто вените се сини, ако крвта е црвена?

Сподели со своите пријатели

Од внатре се црвени како крвта, но нам ни изгледаат сино. Секој хирург ќе ви каже дека вените, како и крвта се црвени, но зошто тогаш нам ни изгледаат сино?

Loading...

Одговорот не е толку едноставен и лежи во тоа како вашите очи ја гледаат бојата, како светлината се однесува во контакт со вашето тело и специјалните својства на крвта.

Интересен е начинот на кој човечкото ткиво и крв ја рефлектираат и апсорбираат светлината. Кога светлината ќе допре до човечкото ткиво таа започнува да се расипува на сите страни низ клетките и останатите стрктури.

Таа светлина е или апсорбирана во ткивото или исчезнала низ површината на кожата. Светлината која се формира низ површината на кожата или се рефлектира, ние можеме да ја видиме со голо око.

Крвта е претежно црвена благодарение на хемоглобинот, протеин задолжен за носење кислород во црвените крвни зрнца, а кој може да апсорбира многу од синото светло и да го рефлектира како црвнео светло. Ако се сетите како некој изгледа кога ќе стане син во лицето, тоа е претежно знак дека во неговиот организам нема доволна количина на кислород.

Вените, за разлика од артериите, носат крв која е сиромашна со кислород, но е богата со отпадни материи и јаглерод диоскид, и на ткивата околу вените таа апсорибира многу повеќе црвено светло од крвта која е богата со кислород.

Што има повеќе од апсорбираното црвено светло, помалку го гледаме. Кога црвеното светло ќе се апсорбира во вените (но исто така рефлектира од ткивото околу вените“, ние на површинат ана кожата тогаш можеме да видиме црвен дел над вените, а не околу нив.

Длабоките вени секогаш ќе делуваат посини поради деоксигенерираната крв која ја содржа, затоа што рефлектира помалкуод црвеното светло, токолку што е тоа случај со останатите ткива. Но, не зависи се целосно само од длабочината на вените, туку и нејзината дебелина.

Loading...

Сето тоа креира своевидна оптичка илузија. Вената така изгледа сино, не затоа што рефлектира повеќе сино светло, туку затоа што сепак малку црвено светло се рефлектира од самите вени, а не од ткивата кои се околу неа. Токму затоа што брановите сина светлина се пократки од црвените, оние вени кои се длабоко пдо површинскиот слој ќе ни изгледаат посини.

Тоа делува контрадикторно, но значи дека ќе апсорбира подолго црвено светло и дека краткото и сино, ќе удира на подрачја над вените и отскокне назад во нашите очи пред воопшто да се проба.

Накратко кажано, вените делуваат сини затоа што носат во себе деоксигенерирана крв, што би значело дека рефлектираат помалку црвено светло од околните ткива.

Колку што вената е подлабока, толку изгледа посино.

Leave a Reply