Зошто Трамп панично ги бараше чевлите по атентатот? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нов клип од драмата по обидот за атентат на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се појави на социјалните мрежи, откривајќи како поранешниот американски претседател си ги бара чевлите назад.

Loading...

Агентите на тајната служба го опколија Трамп по истрелите и го заштитија од пукотниците.

Додека го одведоа надвор од бината, се слушаше како поранешниот претседател на САД си ги бара чевлите.

– Да си ги земам чевлите! – повтори Трамп додека агентите на Тајната служба го штитеа и се обидуваа да го симнат од сцената.

Зошто Трамп ги побара чевлите?

Кога агентите го собориле на земја, му се собуле чевлите, пренесува New York Post.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две жени убиени во вооружен напад во црква во Кентаки, напаѓачот убиен

„Агентите ме удрија толку силно што ми паднаа чевлите“, изјави Трамп за New York Post.

 

Loading...