Зошто тоалетната хартија секогаш е во бела боја?

Сподели со своите пријатели

Прво, важно е да се разбере како се прави тоалетна хартија. Тоалетната хартија е направена од целулозни влакна кои се добиваат или директно од дрвја или од рециклирана хартија, вели хемичарката Џесика Керет.

Loading...

Влакната се мешаат со вода за да се добие каша. Производството на тоалетна хартија се состои од два дела: правење сирова хартија и претворање во финален производ што го купувате во продавницата, објаснува Дејвид Алтемир, консултант кој работи со фабрики за тоалетна хартија во САД.

Производителите ја избелуваат дрвната маса со водород пероксид или хлор за да ја направат бела. Оваа процедура за избелување е повеќе од само естетски процес. Имено, со ова се отстранува и супстанцијата позната како лигнин, која ја омекнува хартијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија сака да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години, експертите поделени

 

 

Карет забележува дека целулозните влакна се исто така природно бели. Сепак, лепилото што ги поврзува е со кафена боја, која се губи благодарение на белилото.

Значи, не е само процесот на производство, туку и суровината што ја прави белата тоалетна хартија. Понатаму, ако тоалетната хартија се произведува од рециклирана хартија, тогаш најчесто се користи канцелариски отпад или хартија за печатач, која во основа е веќе бела по боја.

Loading...

Накратко, белата боја на тоалетната хартија е повеќе конвенционална отколку функционална, бидејќи тоалетната хартија не мора нужно да биде бела за да биде мека и впива, пишува RD.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците објавија доказ дека нашата планета веќе се прегрева

Но, постојат и разни видови тоалетна хартија во други бои, но Алтемир наведува дека обоената тоалетна хартија ги зголемува трошоците за производство на ролните.

Повеќето тоалетна хартија во Северна Америка е бела поради претпочитањето на потрошувачите, вели Карет, додавајќи дека ситуацијата е различна во Јужна Америка и Европа каде тоалетната хартија може да има различни бои.