Зошто стјуардесите ве прегледуваат од глава до пети кога влегувате во авион?

Сподели со своите пријатели

Видеата на ТикТок на стјуардесата Кат Камалани со разни упатства и совети за однесување во авионот редовно собираат милиони прегледи и илјадници коментари, а во едно неодамна објасни зошто стјуардесите и другиот персонал на авионите на влезот од глава до петици „ве меркаат“.

Loading...

Таа вели дека екипажот срдечно ги поздравува патниците на самиот влез и ги гледа попатно, затоа што бараат оние кои би можеле да помогнат доколку има потреба.

„Значи, кога ќе влезете во авион и ќе ги видите нашите среќни, насмеани лица, ние всушност ве мериме затоа што се обидуваме да забележиме таканаречени луѓе АБП или„ физички подготвени луѓе“,објасни стјуардесата на Солт-Лејк-Сити во краткото видео кое собра повеќе од 2,5 милиони прегледи и 500.000 лајкови.

 

 

Овој акроним обично се однесува на воениот персонал, пилотите, пожарникарите, полициските службеници и лекарите, накратко оние кои се „корисни“ во итни медицински ситуации или во ситуации кога пилотот треба да го спушти авионот поради невреме или дефект.

„И додека одат нагоре и надолу по патеките и ги проверуваат или им служат на патниците, стјуардесите по патот бараат „лица со АБП“, рече таа.

Loading...

Повеќето „ТикТокери“ коментираат дека „никогаш не би им паднало на памет“, но имало и скептици кои ја прашале Камалани „како може само да погледне некого за да знае што прави и која е неговата професија“.

– Ох, знаеме, особено ако тоа е професија што бара физичка подготвеност – одговори стјуардесата, додавајќи дека лекарите честопати им се претставуваат на почетокот на летот, на пример со: „Јас сум доктор, јас седам на 34А, знаеш за секој случај…“

– Мислам дека е навистина за пофалба и ние навистина го цениме тоа – додаде таа и вели дека, покрај АБП луѓето, стјуардесите бараат и знаци на потенцијални киднапирање или трговија со луѓе…

 

@katkamalaniYou would never guess the last part… ##secretsrevealed ##traveler ##momsontiktok ##flightcrew ##travelhacks

♬ SUNNY DAY – Matteo Rossanese

Leave a Reply