Зошто сончогледот го следи Сонцето?

Сподели со своите пријатели

Во новото американско истражување докажано било дека движењето на сончогледот кон Сонцето го предизвикува нивниот биолошки часовник, а тие промени на позицијата на растението го прават поголемо и попривлечно за пчелите.

Предводникот на истражувањето, Стејси Хармер од Универзитето во Калифорнија, истакнува дека станува збор за познат пример во кој растот на некое растение го менува нејзиниот внатрешен часовник и дека тоа дури има и еволуциски последици.

Најмалку од 1898 година научниците ги набљудувале сончогледите кои денот го започнуваат свртени кон истокот и во теокт на денот полека се свртуваат кон запад, за да во текот на ноќта се вратат кон источната страна. До сега не се знаело што го регулира овој процес.

За да се установи дали е во прашање биолошкиот часовник или растението еднсотавно се движи по некој предодреден распоред, американските биолози спровеле низа експерименти – сончогледите ги врзале така да не можат да се поместуваат, а потоа ги поставиле во садови кои на почетокот на денот ги свртувале кон запад, спротивно од исгналот кој вообичаено го добиваат од Сонцето. Со тоа успеале да им го пореметат ритамот.

Зрелите сончогледи се ориентираат кон истокот да ги привлечат пчелите. Затоа сончогледите ги поставиле во лабораторија со фиксирана вештачка светлина и установиле дека неколку дена се движење напред – назад.

Тоа е однесување какво се очекува од механизмот кој го покренува внатрешниот часовник – истакнува Харменова.

Потоа направиле вештачко светло кое се движи од исток кон запад. Сончогледите успеале да ги ускладат своите движења во скалд со движењето на светлото кога тоа ги следило дваесетчетиричасовен ритам, но не и кога ритмот е променет на 30 часа. Сето тоа ги довело до заклучок дека во сончогледот има нешто што е поврзано со нивниот 24-часовен ритам на движење.

Но, што е тоа што навистина го предизвикува движењето ан сончогледот? Научниците установиле дека едната страна на растението во зависност од периодот на денот, расте побргу од другата страна, а тоа предизвикува растението да се движи со својот цвет.

Хармерова објаснува дека таквиот тип на растење е ралзичен од редовниот раст на сончогледот и се јавува на дневна база, односно во 24-часовен ритам.

Се покажало дека тоа за растението е важно затоа што свртувањето кон Сонцето за време на експериментот имало 10% помалку листови од просечно. Исто така, сончогледот кој наутро бил свртен кон исток привлекувал пет пати повеќе пчели од оние вештачки свртените кон запад.

Тоа покажува дека постои еволуциска корист од тоа што сончогледот „трча“ кон Сонцето, а според Хармерова пчелите трчаат по топлите цветови.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.