Зошто сите зборуваат за највисоката зграда во Африка?

Сподели со своите пријатели

Највисоката зграда во Африка е предвидена да се отвори оваа година, а освен порадија својата висина, таа е посебна од друга причина.

Loading...

Иако има само 21 процент од регистрирани женски архитекти во Република Јужна Африка, од 11 членови имало дури девет жени на тимот што ја градат зградата, а самиот тим го водела жена.

Од ноември 2017 година, градежниот проект го надгледува 27-годишната Малика Валеле, која е во контакт со скоро 2.000 работници, претежно мажи.

Таа открила дека има проблеми поврзани со сексизмот, но смета дека тоа им помогнало на луѓето да ги надминат предрасудите.

„Морав да работам напорно за да се докажам. Требаше карактер. Морав да направам чекор напред и да зборувам и да се осигурам дека мажите ме слушаат”, рече Валеле.

Зградата, наречена „Леонардо“, има 55 ката и е висока 227 метри и се наоѓа во Сандтон.

https://www.instagram.com/p/B0avJGVH8d2/?utm_source=ig_embed

„Леонардо“ е повисока за 4,6 метри од претходниот рекордер на „Чарлтон центар“, кој доминира во Јоханесбург од 1972 година.

Јужноафриканската компанија „Co-Arc International Architects“ беше задолжена за дизајнот, а зградата „Леонардо“ претставува мешавина од канцелариски простор, канцеларии, станови и хотелски соби.

Loading...

Архитектите решија да користат тенки панели од цврст материјал за фасадата на зградата.

Leave a Reply