Зошто Северна Кореја годинава испука толку многу ракети?

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел во водите во близина на брегот на Јапонија, што беше само последно во необичната серија тестови.

Loading...

Ракетите наводно биле лансирани од аеродром во близина на Пјонгјанг рано наутро во понеделникот, соопшти јужнокорејската војска.

Јапонија исто така го потврди тестот.

Ова е четврто лансирање на севернокорејска ракета за две недели, пишува Би-Би-Си.

 

 

ОН ѝ забранија на Северна Кореја да тестира балистичко и нуклеарно оружје и затоа воведоа строги санкции. Но, оваа источноазиска држава редовно им пркоси на забраните, а нејзиниот лидер Ким Џонг-ун вети дека ќе ја засили одбраната на својата земја.

Loading...

Тој во петокот рече дека истрелал балистички ракети со краток дострел од железнички вагони, додека неколку дена претходно извршил два теста, како што тврди, на хиперсонични ракети, кои потешко се откриваат.

 

 

Зошто Северна Кореја лансира толку многу проектили оваа година?

Фреквенцијата на тестови и времето на лансирање во јануари се невообичаени.

Северна Кореја се обидува да ги изврши своите ракетни лансирања за да ги одбележи политички значајните настани во земјата или како знак на нејзиното незадоволство од американско-јужнокорејските ракетни вежби.

 

Loading...

 

Северна Кореја вообичаено лансира оружје за да ги развие своите ракетни способности и да ја одржи оперативната подготвеност, а неодамнешните тестови се чини дека го потврдуваат тоа, според Анкит Панда, експерт од Карнеги, Меѓународната фондација за мир.

„Но, Ким Џонг-ун има и домашни приоритети, во време на економски тешкотии, овие лансирања му дозволуваат да покаже дека приоритетите на националната одбрана нема да бидат занемарени“, рече Панда за Би-Би-Си.

 

 

Северна Кореја се бори со недостиг на храна и нестабилна економија. Ова првенствено се случува поради самонаметната блокада за да се спречи Ковид.

Loading...

Како резултат на тоа, суспендирана е трговијата со Кина, главниот економски и политички сојузник на Северна Кореја, иако имаше извештаи дека тоа би можело да продолжи наскоро.

 

 

Ким неодамна призна дека земјата се соочува со „голема борба до смрт“ и исто така вети дека ќе ја зголеми својата воена моќ, вклучително и развој на хиперсонични ракети.

Преговорите со САД, кои сакаат Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје, се прекинати откако американскиот претседател Џо Бајден стапи на должност.

Loading...

Бајден ги воведе првите санкции кон Северна Кореја минатата недела

Администрацијата на Бајден ги воведе првите санкции кон Северна Кореја минатата недела, како одговор на некои од претходните тестови овој месец.

Оттука, лансирањето во понеделник би можело да биде посилна реакција на санкциите, за да укаже дека Северна Кореја нема намера да ги совлада САД, рече Парк Вон-гон, професорка по севернокорејски студии на Универзитетот Евха Воманс.

Лансирањето се случува само неколку недели пред Зимските олимписки игри, исклучително престижен и политички чувствителен настан за Кина, кој треба да започне во Пекинг на 4-ти февруари.

 

Loading...

 

„Мислам дека Кина нема да го поздрави севернокорејското тестирање на нејзината врата пред Олимпијадата во Пекинг. Ако продолжи вака, не треба да ја исклучиме можноста Северна Кореја да е вознемирена поради нешто во врска со Кина“, аналитичарот Чад О. Керол напиша на Твитер.

Но, Панда верува дека Пекинг можеби не е задоволен со овие тестови, но најверојатно ќе биде толерантен со оглед на тоа што тестовите не вклучуваат нуклеарно оружје или ракети со долг дострел.

„Со неодамнешните извештаи дека Северна Кореја наскоро може да ја обнови трговијата со Кина, овој тајминг покажува дека Пекинг е прилично наклонет кон провокациите на Пјонгјанг. Кина ја поддржува Северна Кореја економски и ја координира воено. Со оглед на нејзините стратешки односи со Кина, раководството на Северна Кореја веројатно да ги прекине своите воени вежби и ракетни тестирања пред Олимпијадата во Пекинг“, изјави севернокорејскиот експерт Леиф-Ерик Исли.

Loading...

 

 

„Не сакаат да остават впечаток дека се на апарати“

„Тајмингот, исто така, сугерира дека Северна Кореја не сака да молчи пред претседателските избори во Јужна Кореја или да остави впечаток дека е на апарати за одржување во живот додека Кина испраќа помош преку границата“, заклучи Если.