Зошто полицијата во Индија „вработува“ гулаби?

Сподели со своите пријатели

Во денешното време на интернет и масовна комуникација, полицијата во источната индиска држава Одиша чува јато гулаби во случај на прекини на комуникацијата за време на катастрофи.

Loading...

Полициските станици во Индија користат гулаби уште од времето на британското колонијално владеење.

Денеска државната служба за гулаби превозници „вработува“ повеќе од 100 птици.

„Гулабите ги чувавме заради нивната вредност на наследството и да ги зачуваме за идните генерации“, рече Сатиш Кумар Гајбхије, инспектор од областа Катак.

Полицијата тврди дека гулабите кои летаат со брзина до 55 километри на час на оддалеченост до 800 километри, барем двапати ја спасиле ситуацијата во последните 40 години.

Тие одиграа клучна улога во 1999 година откако бура ги прекина комуникациските линии, како и во 1982 година за време на разорните поплави во делови од државата.

По правило, гулабите носат пораки напишани на лесна кромидска хартија, ставени во капсула и врзани за нивната нога.

Истражувањата покажуваат дека гулабите можат да детектираат магнетни полиња и да одредат локација од неколку илјади километри, вели историчарот Анил Дир, кој работи со полицијата.

Loading...

„Дури и во неверојатното сценарио да бидат прекинати сите комуникации, гулабите никогаш нема да разочараат“, рече тој.