Зошто поголемиот дел од бебињата се раѓаат со сини очи? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога се раѓаат бебињата, особено оние со посветол тен, нивните очи обично се со посветла боја, бидејќи имаат многу малку меланин (вид пигмент кој им дава боја на очите, кожата и косата).

Loading...

 

 

Според магазинот „Parents“, количината на меланин во ирисот, обоениот дел од окото, одредува каква боја ќе имаат очите. По раѓањето, светлината го стимулира производството на меланин, поради што бојата на очите може да потемни или да се промени со текот на времето.

Обично ќе видите промена на бојата на очите во првите 6-9 месеци од животот. За време на неколку недели или месеци, може да забележите дека очите на вашето бебе потемнуваат.

Промената е толку постепена што можеби не ја забележувате сè додека еден ден не се разбудат и ве изненадат со друга боја на очите.

До 12 месеци, повеќето бебиња ќе добијат трајна боја на очите, иако бојата на очите кај некои деца може да се промени до шестгодишна возраст, што е ретка појава.

Loading...

Генетиката одредува колку меланин (или пигмент) ќе има лицето во своето тело. Во основа, ДНК на родителот одредува боја на очите на детето.

дури и ако двајцата родители на детето имаат кафени очи, можно е бебето на крајот да има сини очи ако родителите имаат гени на сини очи некаде во нивниот генетски состав.

Речиси е невозможно однапред да се предвиди бојата на очите на вашето бебе. Никој, вклучително и лекарот, не може да предвиди каква боја ќе имаат очите кога детето ќе порасне и не е важно што јаде или прави вашето бебе и колку го изложувате на светлина.