Зошто патиштата во Катар се сини? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Катар со денови е во центарот на вниманието, а покрај фудбалот, луѓето ги интересираат и деталите, кои во оваа земја се сосема нормални, а остатокот од светот првпат ги гледа.

Loading...

Како патиштата, кои се сини во Катар.

Поради високите температури во Катар, животот понекогаш е неподнослив. Затоа решиле да применат иновативни технологии во Доха.

Една од нив е син асфалт, односно облога со сина боја дебела еден милиметар, што овозможува намалување на температурата на површината и до 20 степени, пренесува Qataraliving, а пренесува City Magazine.

И така во пилот проектот го префарбаа црниот асфалт. Првите 200 метри беа искористени како еден вид експеримент во кој сензори ги следеа температурните промени 18 месеци.

Температурата од максималните 69 степени се спушти за повеќе од 10 степени на синиот асфалт.

Во градот пробаа со други бои, зелена, црвена, виолетова, но сината даваше најдобри резултати.

Сличен проект беше лансиран и во Лос Анџелес, каде патиштата и неколку игралишта беа покриени со специјална обвивка.

Loading...

Ефектот на намалување на греењето беше забележлив и изнесуваше околу седум степени.