Skip to content

Зошто ни се спие после пладневниот оброк

Сподели со своите пријатели

Само што завршивте со ручекот и очите почнуваат да се затвораат. Само седите исправени зад своето биро и се прашувате дали и другите колеги копнеат за попладневна дремка како вас. Одговорот е да! Барем оние кои исто така успеале да го наполнат стомакот.

Знаете ли зошто ви се спие после ручекот?

“Кога ќе каснете повеќе отколку што треба, телото почнува да произведува повеќе инсулин. За секое нешто што треба да се обработи, панкреасот испорачува инсулин за контрола на нивото на шеќерот во крвта. Повеќе храна, поголемо производство на инсулин и соодветно зголемено лачење на хормонот на сонот, кој се пренесува до мозокот, каде се метаболизира и се претвора во серотонин и мелатонин. Мелатонинот исто е хормон на сонот “, објаснува прехранбениот и фитнес експерт Лук Котиер. Имајте на ум дека кога конзумирате повеќе јаглехидрати, телото користи голема количина на енергија за нивно варење.

“Кога ќе се прејадете, дигестивниот систем користи 60-75% од енергијата на телото, за да ја сомели храната. Оваа енергија се генерира од сите делови на телото, затоа тоа се опушта и ви се спие. Високопротеинската храна провоцира ист ефект “, додава Лук.

Како да се справите со пладневната поспаност?

1. Не се прејадувајте!

2. Избегнувајте ја тешката и масна храна, која ќе го впрегне силно дигестивниот систем.

3. Пијте повеќе течности, а зошто не и мала доза кофеин на пладне ?!

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.