Уште од древните времиња кружи приказната дека на Земјата има толку луѓе клку што има ѕвезди на небото, па така секој има своја ѕвезда.
Таа засвети кога човекот се роди, а паѓа или исчезнува кога тој умира. кога падне помала ѕвезда, тогаш завршил животот на обичен смртник, а ако е поголема, се верува дека станува збор за некој владетел или личност која на некој начин го задолжила човештвото.
Според верувањата, на децата не им е дозволено да ги бројат ѕвездите затоа што ако ја најдат својата, таа ќе падне и детето ќе почине. Личната ѕвезда постојано не следи, каде и да одиме таа е со нас.
Во сонот, кога несвесниот дел е најактивен и каде секогаш стои тенка линија помеѓу животот и смртта, нашата ѕвезда никогаш не спие, туку неуморно бдее над нас. И меѓу ѕвездите има добри и лоши. Заедно со Сонцето и месечината живеат во семејство, а постојано се движат и договараат.
Затоа се вели дека состојбата на небото одговара на онаа на Земјата. на тоа верување се заснова науката за ѕвездите која треба да ги препознае таквите движења и да им каже да луѓето што ќе им донесе радост, а што тага.
Кога некој е успешен во својата работа, стекнува ненадејна популарност, добива награди, преживува некоја несреќа и слично, за таквите луѓе постои општа дефиниција, а тоа е дека се родени под среќна ѕвезда.