17.08.2016 17:09

Зошто Ливерпул одбил 30 милиони за Бентеке?


Еднаш се излажаа на Енфилд кога Кристијан Бентеке е во прашање. Тогаш за него платиле 46,5 милиони евра за да го доведаат од Астон Вила. Свесни во Ливерпул дека тие пари никогаш нема да ги извлечат, ќе се обидат колку е можно да си ја поправат грешката. Кристал палас нуди 35 милиони евра. Сосема доволно со оглед дека Белгиецот играл на Енфилд.

Меѓутоа понудата на Паласо од 30,5 милиони фунти е одбиена во Ливерпул со добра причина, затоа што Палас нуди 32,5 милиони веднаш плус 7 милиони во премиите. Но, проблемот е вот оа што последните 2,5 милиони на сметката на Редс би легнале откако Кристал палас избори едно од првите четири места на табелата во премиер лигата и со тоа избори пласман барем во квалификациите за Лига на шампиони. притоа, пердуслов е Бентеке во таа сезона барем да одигра 70% од натпреварите и да постигне 20 гола.

Овој пат во Ливерпул не биле наивни. Палас добиле негативен одговор. Се очекува сепак дека работата ќе биде завршена со оглед на тоа дека значајно поголема сума загарантирано ќе легне на сметката на Ливерпул, Алан Пардју очајно бара замена за Јаник Боласи кој премина во Евертон.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments