Зошто кучињата никогаш не смеат да јадат чоколадо?

Сподели со своите пријатели

Знаците дека вашето куче е отруено со чоколадо вклучуваат повраќање, дијареја, немир, забрзана работа на срцето, брзо или плитко дишење и зголемено мокрење.

Loading...

Чоколадото е токсично за кучињата затоа што содржи хемикалија наречена теобромин, што е многу тешка за кучиња да ја сварат, вели Брендан Руси, ветеринар во болницата „Банфилд Пет“, САД.

Доказ дека кучињата се повоспитани од некои луѓе (ВИДЕО)

Чоколадото содржи кофеин, што може да го зголеми ритамот на срцето. Покрај тоа, маснотиите и шеќерот во чоколадото се лоши за телото на домашното милениче.

Може да предизвикаат повраќање, дијареја и воспаление на панкреасот. Може дури и да предизвика напади, кома и смрт.

Зошто кучињата прават одредени работи кои нам не ни се јасни?

Иако треба да се избегнат сите форми на чоколадо, некои се поопасни од другите. Повеќе какао и поголеми количини се поотровни за кучињата.

На пример, еден ред млечно чоколадо може да не предизвика проблеми, но голем дел од темните чоколада со поголема содржина на какао може да доведат до полоши симптоми.

Loading...

Дали љубовта кон кучињата е наследна?

Знаците дека кучето е отруено со чоколадо вклучуваат повраќање, дијареја, немир, зголемено отчукување на срцето, брзо или плитко дишење и зголемено мокрење. Посериозни знаци вклучуваат тресење и напади.

Ако се сомневате или знаете дека вашето домашно милениче консумирало чоколадо, важно е веднаш да се консултирате со ветеринар или да контактирате со ветеринарна станица, пренесува Reader Digest.

Leave a Reply