Зошто копчињата на машките кошули се од десна, а на женските од лева страна? (видео)

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се запрашале зошто копчињата на женските блузи се од лева, а на машките кошули од десна страна?

Кај мажите копчињата на кошулата се на десната страна уште од средниот век. Имено, мажите носеле меч под капутот и тоа на левиот колк. За да можат поленсо да го извлечат, копчињата морале да бидат од десната страна.

Подоцна кога жените ја откриле блузата не се закопчувале сами, туку тоа наместо нив го правеле слугинките и кројачките. Бидејќи тие стоеле пред жените и ги закопчувале блузите, им било полесно ако копчињата биле сошиени од левата страна. Така останало и до ден денес, пишува „Bild“.

Знаете ли зошто копчињата „Ј“ и „Ф“ на тастатурите се испакнати?

Меѓутоа, постои и теорија дека на женската гардероба копчињата се наоѓаат од левата страна, а кај мажите од десната за да се покаже дека жените на социјалната скала се под мажите.

Сепак, теоријата со мечеви и слугинки е пологична, затоа што копчињата започнаел да се носат на лева страна помеѓу 1840 и 1850 година, а до тогаш женската облека ги имала на десната страна.