03.08.2015 11:40

Зошто Кинезите јадат со стапчиња?

Facebook Twitter Google+

За настанувањето на стапчињата кои Кинезите, но и другите Азиски народи ги користат како прибор за јадење, постојат многу легенди, но вистинското објаснување се крие во кинеските обичаи.

Стапчињата како прибор за јадење за прв пат се појавиле за време на владеењето на династијата Шанг, во периодот меѓу 16 и 11 век пред новата ера.

loading...

Ефтината изработка и едноставноста во ракувањето брзо ги вдомила во Кина, а подоцна и во поголемиот дел од Азија.

Употребата на стапчињата е израз на рафинман, за разлика од некогашните европски трпези на кои намирниците се сечеле со оружје за да се истакне начинот на кој аристократијата ја придобивала власта во државата, а тоа е насилството. – смета францускиот социолот и атрополог Жан Пјер Пулен, автор на книгата „Речник на прехрамбени култури“,

Ладното оружје – ножевите и вилушките не наоѓале место на масата. Сето „насилство“ се задрувало во кујната каде се сечеле намирниците, не само од практични причини, туку и да се избегне пред гостите да биде принесено големо парче месо кое би можело да го потсети на убиено животно – додава Пулен.

Според една од многуте легенди, стапчињата ги измислил првиот кинески цар Ју Велики кој од страв да не биде убиен ја забранил употребата на ножот и вилушката како прибор за јадење.

Во една прилика бил толку гладен што не можел да чека да се олади јадењето па така скршил две мали гранчиња кои му послужиле како прибор за јадење, додава Пулен.

Но, не се сложуваат сите историчари со оваа теорија за потеклото на стапчињата, иако едно е сигурно – доста се практични за оние кои редовно ги употребуваат.

Имено, со нивното ракување се размрдуваат повеќе од 30 зглобови и 50 мускули на прстите, дланките и рацете.

Извор: Танјуг/ Превземено од: Телеграф.рс


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments