Зошто грчките острови изобилуваат со бели и сини куќи? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Карактеристичните куќи во бела и сина боја се белег на бајковитите грчки дестинации како Миконос и Санторини.

Loading...

 

 

Каменот достапен на места како Миконос, Парос и Наксос имал еден недостаток – потемнувал, добивал земјена боја која го привлекувала сонцето и го правела животот во куќите неподнослив поради високите температури.

За да се оладат, Грците го обоиле каменот во бело, а откако тој метод се покажал успешен, станал дел од традицијата.

Во средината на 20 век, и болеста се вплеткала во архитектурата.

За да се спречи ширењето на колерата, грчките власти побарале обложување на куќите со вар, кој служи и како средство за дезинфекција.

Loading...

Грчките рибари и морнари ги бојадисале вратите и прозорците со боја што останала од бојадисувањето на бродот, а тоа била сината боја.

Убавите бои на куќите на грчките острови престанале да бидат само практични и пожелни, а станале задолжителни во текот на шеесетите години на минатиот век.

Актуелниот режим верувал дека препознатливите бои ќе го поттикнат патриотизмот и национализмот, а наскоро бил донесен закон со кој се наредувало бојадисување на куќите на грчките острови во сина и бела боја.

Иако денешните прописи се порелаксирани, боите на грчките острови привлекуваат туристи, па традицијата продолжила.