Зошто ги забораваме туѓите имиња при запознавање?

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од нас при запознавање на некоја нова личност се наоѓа во иста ситуација – веднаш го заборава нејзиното име. Постојат неколку причини поради кои тоа често се случува.

Имињата се арбитрарни

Обичните зборови секогаш се однесуваат на исти работи и ако заборавиме еден збор, сигурно ќе се сетиме на неговиот синоним. Меѓутоа, личните имиња не се доследни и немаат заменски збор. Ако се обратите на Ивона со Ивана, големи се шансите дека тој гаф ќе се забележи, а девојката ќе ви се налути.

Се фокусираме најмногу на себе

Кога запознаваме некој нов, ние всушнсот вниманието го насочуваме повеќе на себе отколку на другите. Поточно, се концентрираме на оној момент кога мора да го изговориме своето име. Тогаш не посветуваме доволно внимание на нашиот нов соговорник, па често го забораваме неговото име веднаш откако ќе го слушнеме.

„Бејкер ефект“

Мозокот всушност е програмиран да запамети лица, а имињата значително помалку. Поимот „Бејкер ефект“ често се користи за опишување на една од причините зошно не можеме да го запамтиме туѓото име при запознавањето. Ако некому кажеме дека работиме на аеродром, тогаш му даваме важна информација за тоа како го минуваме времето. Но ако кажеме дека се викам Марко, мозокот таа информација не ја поврзува со ништо. Исто така, ако мозокот не може да се пворзе со повеќе делови на информацијата, особено оние работи кои се познати од претходно, тогаш поголеми се шансите дека ќе ја заборавиме таа информација.