Зошто Германија е најпосакуваната дестинација за бегалците? (видео)

Сподели со своите пријатели

Било од која друга европска држава, Германија сепак се наоѓа на прво место по број на прилив на мигранти и бегалци, како држава која се вбројува во најголемите европски економии, но со жителство кое старее и држава која се соочува со непополнети работи места. За бегалците, бегалскиот бран не е само предизвик туку и прилика, пишува хрватскиот весник Дневник.

Loading...

153743291655ffb80c10fd5303899498_w640-696x456

Иако Германија во моментот спроведува засилена гранична контрола за да поедноставно го контролира влезот на бегалците и мигрантите, намерата на Владата на Германија е да ги асимилира, односно, наместо да живеат на терет на државата, нивното присуство и жителство само ќе помогне во закајнување на и така силната економија.

Според некои проценки, најголемата европска економија има доволно работни места за сите бегалци и мигранти, имајќи на ум дека државата се соочува со недостаток на работна сила, додека во истовреме, рапидно се зголемува бројот на пензионирани работници.

Голем дел од бегалците се образовани луѓе, и со себе во Германија носат и одредени вештини кои се потребни за одржување на економскиот раст, пренесува Дневник.хр.

Capture

Минатата седмица, големи работодавачи како што се Дојче Пост и производителот на автомобили Даимлер, бараа германските закони да бидат променети во делот за начинот на барање азил, како бегалците полесно би добиле работни места.

Канцеларката Ангела Меркел најави дека Германија ќе го забрза процесот на барање азил со што на азилантите ќе им се олесни процесот за останување во Германија, а со тоа и полесно изнаоѓање на работа.

Loading...

Четири големи корпорации во Германија го поздравија овој владин потег.

Инаку, на социјалните мрежи, осамна видео запис од разговор со бегалка од Сирија која на прашањето зошто не сака да остане во Словенија, рече дека таа држава е сиромашна.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.