Зошто џихадистите на ИСИС возат исклучиво „Тојота“? (видео)

Сподели со своите пријатели

Американските антитерористички службеници од Тојота побарале да објасни на кој начин голем дел од нивните автомобили имаат завршено во рацете на терористите од Исламската држава.

Loading...

Во пропагандните снимки од Исламската држава се гледа голем број автомобили Тојота, вториот најголем произведувач во светото, се најчесто теренски возила и пикапови на терористите.

Од „Тојота“ велат декане знаат на кој начин Исламската држава доаѓа до нивните автомобили, нагласувајќи дека ја подржуваат истрагата на американските служби за да се спречи производите од западот да завршат во рацете на терористите.

Ние ги запознавме ланецот на снабдување на „Тојота“ на Блискиот исток за овој проблем, но и за процедурата по која компанијата е должна да го штити интегритетот на ланецот на снабдување. Тојота има стриктна политика да не продава возила за потенцијални купувачи кои може да ги користат или модифицираат за паравоени или терористички активности – – вели директорот за јавни политики и комуникација на „Тојота“, Ед Луис и додава дека компанијата нема можност да ги следи возилата кои се украдени или препродадени преку посредници.

 

teroristi

 

Автомобилите на „Тојота“ се на сите видео снимки од кампањите во Ирак, Сирија и Либија, наполнети со тешко наоуружување и од нивните кабини вребаат терористи.

Ирачакиот амбасадор во САД вели дека е убеден дека терористите, покрај старите камиони, имаат и илјадници нови возила од оваа компанија во последните неколку години.

Loading...

Тоа е прашање кое го поставив на нашите соседи, како и на кој начин овие возила дошле во рацете на Исламската држава и од каде доаѓаат – изјавил амабасадорот.

Пропагандниот материјал на Исламската држава покажува како терористите патролираат по улиците во Сирија во постари, но и сосема нови модели од автомобилите на „Тојота“.

Додека поминуваат во Либија во долги каравани блескаат новите тојотини ленд крузери. Во колоната терористи може да се види дека повеќе од две третини од автомобилите се од фабриките на „Тојота“, а освен нивни има и нешто помалку автомобили од марката „Мицибуши“, „Хјундаи“ и „Исизу“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.