Зошто денеска е денот кога дамите ги свршуваат своите момчиња?

Сподели со своите пријатели

Обично празниците и нивните датуми се повторуваат секоја година. Но, постои датум што се повторува само на секои четири години, а тоа е 29 февруари.

Loading...

Особено е интересно заради неговата необичност, затоа што тоа е денот кога жените ги свршуваат мажите.

Според финското верување, ако жената му предложи брак на мажот на 29 февруари, тоа ќе и донесе среќа, а ако мажот одбие, тој е должен да плати симболична казна, или да ѝ купи нешто.

Кога папата Григориј на 13-ти го прогласи Грегоријанскиот календар во 1582 година, и кога уште еден ден се додаде во месецот февруари, 29ти, се појавиле шегобијни предлози…

Британците направиле сатирична претстава во која се вели дека жените треба да ги заменат здолништата со пантолони тој ден и да се однесуваат како мажи.

И, така, од 18 век, жените го користат 29 февруари како можност да ги свршат  мажите.

Традицијата, која ја нарекуваат „Ден на младоженецот“,станува се повеќе популарна во Велика Британија.

Правило е дека мажите се иницијатори на свршувањето. Само пет проценти од жените во Америка побарале од мажите да се оженат со нив. Некои од истражувањата наведуваат дека повеќе од половина од мажите би ја одбиле понудата.

Loading...

Легенди, верувања, 12 пара раквици

Историски гледано, легендата за тоа жените да преземаат иницијатива потекнува од Ирска од петтиот век. Настанала кога Света Бригита направил договор со Св. Патрик, да се врати рамнотежата во односите меѓу мажите и жените.

Сметала дека жените чекаат предолго на свршувачката од своите мажи, па на престапен ден можат да преземат иницијатива.

Според еден шкотски закон од 13 век, кога жените преземаат иницијатива за свшувачка, а ги одбијат, , мажот мора да купи 12 пара раквици за жената да ги покрива рацете на кои нема прстен.

Постои уште едно верување за тоа како започнала традицијата за оваа иницијатива. Кралицата Маргарет од Шкотска, во 1288 година, донела закон со кој им се дозволува на жените да му предложат брак на мажот.

„Иако многу родови улоги во општеството почнаа да се менуваат, свршувачката  е нешто што остана прилично статично во споредба со сите други полиња“, рече Рејчел Робнет, професор по психологија на Универзитетот во Невада во Лас Вегас.

Leave a Reply