Зошто децата едноставно не сакаат одредени луѓе?

Сподели со своите пријатели

Не е тоа ниту лутиот поглед, ниту незаинтересираноста, ниту агресивниот став. Децата точно знаат кој им е мил, а кој не е. Детската интуиција и нивните инстикти сосема добро функционираат кога бираат на кого ќе се насмевнат, а поради кого малку и ќе се втиснат во прегратката на мама.

Лицат акои немаат високо мислење за себе, кои не се сметаат за доволно привлечни, се оние кои таквата порака интуитивно ќе ја испратат до детето. Затоа не изненадувајте се кога ќе почуствувате недоверба кон лицето кое во многу што не верува во себе.

До ваков заклучок дошле експерти од неколку кинески универзитети кои за таа намена собрале неколку состина возрасни и деца и им дале за задача едностанво да ги оценуваат лицата врз основа на фотографиите кои им биле прикажани.

ВО првиот тест оценувале ниво на доверба која ја чувствуваат кон лицето на фотографијата, а во вториот нивото на нивната атрактивност. Заедничкиот заклучок е дека децат аи возрасните покажале релативно слична проценка. Единствена мала разлика која се истакнува меѓу нив е што младите и старите биле склони да даваат нешто поголема оценка на лицата на фотографиите кои била на еднакви години како и тие.

Но, како самата активност не може да се сведе под заедничко име затоа што секој од нас има различна претстава за тоа што е атрактивно, заклучокот е дека луѓето едноставно чувствуваат нечија атрактивност низ призмата на неговото сопствено поимање на себе.

Тоа дефинитивно значи дека лицата кои покажуваат многу оптимизам, кои се задоволни со себе, насмеани и отворени, навистина делуваат попривечки и поатрактивни. И кога некој ни е многу атрактивен , за него обично мислиме дека е квалитетна личност, поуспешна, поталентирана и самоуверена, а тоа нас не привлекува како магнет. Исто така докажано е дека девојчињата имаат нешто поголеми интуиции од момчињата.

Возрасните може да ги залажува нечија лажна, широка намсевка или ќе сфатиме зошто некоја личност кон себе е таква каква што е, но децата тоа сигурно не може да ги прелаже.