ЗОШТО БЕБИЊАТА ПЛАЧАТ толку многу ноќе? Биолог презентираше МНОГУ интересна теорија!

Сподели со своите пријатели

Бебињата плачат.

Loading...

И тоа е сосема нормално. Некои бебиња, сепак, постојано плачат ноќе.

И тоа многу гласно.

 

 

Еволуциониот биолог Дејвид Хејг, од американскиот универзитет Харвард, неодамна претстави хипотеза која ќе им помогне на младите родители да разберат зошто нивното дете горко плаче среде ноќ, а во исто време не е гладно. Научникот тврди дека, исцрпувајќи ја мајката, бебето несвесно сака да ја спречи овулацијата на мајката и потенцијално да забремени брат или сестра.

Во исто време, со хранење на бебето ноќе, односно доење, тие ја продолжуваат фазата на неплодниот период на мајката што следува по раѓањето, пишува професорот Хејг во весникот Еволуција, медицина и јавно здравје.

Loading...

Ноќните будења се почести во текот на втората половина на првата година од животот на бебето и во периодот на неговото доење. Иако звучи малку неубедливо, постои логична претпоставка за ваков заклучок, тврди Хејг, додавајќи дека ваквото однесување на дете е еволутивно условено.

 

 

Имено, во периодите што порано биле чести и за време на кои преовладувал глад или заразни болести, шансите за преживување на бебињата биле поголеми доколку интервалите помеѓу раѓањето на децата биле поголеми. Исцрпеноста на мајката може да се сфати како составен дел од „стратегијата“ на детето за продолжување на времето до следното раѓање.

Leave a Reply