Зоран Божиновски екстрадиран во Македонија

Сподели со своите пријатели

Новинарот Зоран Божиновски е екстрадиран во Македонија, а информацијата за Телма е потврдена од Министерството за внатрешни работи.

По налог на српското Министерството за правда, а по претходна распишана потерница Божиновски вчера беше уапсен во Нови Сад, каде и престојуваше веќе неколку години, откако македонските власти во 2013 година против него издадоа потерница под сомнение дека е вмешан во случајот „Шпион“.

Божиновски, кој инаку е од Куманово е познат како силен критикувач на власта, но и на опозицијата. Последен пат тој на социјалните мрежи го прашуваше Вељановски што барале петте момчиња убиени кај Смилковското езеро, само неколку часа во домот на првиот спикер во Собранието и тоа неколку часа пред да се случи велигденскиот масакар.

 

Loading...