Полицијата во западниот дел на Германија соопшти дека еден работник се здобил со сериозни повреди откако мртва крава го „шутнала“ во главата.
Loading...
Во соопштението на полицијата се наведува дека кравата била „усмртена според прописите“ во кланица во Аален и закачена за кука за месо поради натамошна обработка, пренесува АП.
Од полицијата рекле дека лешот го „шутнал“ работникот во лице, веројатно при нервен импулс за кој експертите велат дека не е невообичаен.
Работникот на возраст од 41 година во моментот е во болница.