Најдобрата скијачка на денешницата Американката Михаела Шифрин на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг допатува со надеж дека ќе освои пет златни медали, но пред последниот викенд на Игрите може да се надева само на два.
Таа на утринскиот тренинг во спуст имаше одличен резултат, со што обезбеди едно од четирите места за натпреварувачите од САД. Меѓутоа, откако организаторот реши да ја презакаже трката во алпска комбинација од петок за четврток, Шифрин се откажа од спустот кој на програмата е в среда.
– Иако многу сакав да се натпреварувам во спуст, поради промена на распоредот морав да се откажам. Важно ми е да се фокусирам на комбинацијата и да се подготвам. Но, ќе продолжам да ги поддржувам моите сонароднички, вели Шифрин.
Организаторите во Пјонгчанг имаа голем број проблеми со трките во алпско скијање, па првите трки во женска конкуренција се одржаа дури на 15 февруари./МИА