ЗОИ 2018: Ледецка по злато во супервелеслалом, но се откажа од спустот

Сподели со своите пријатели

Чешката сноубордерка Естер Ледецка, која го освои златото во супервелеслалом на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, се откажа од трката во спуст.

Чехињата со ова е првата шампионка во супервелеслалом која нема да скија во спуст, по Дајан Роф од Игрите во 1994 година.

Ледецка, чија специјалност е сноубордот, триумфирајќи во супервелеслалом го направи најголемото изненадување во алпско скијање.

Таа трката ја заврши за една минута, 21 секунда и 11 стотинки и тоа на скии кои претходно ги користела најдобрата скијачка на денешницата Михаела Шифрин.

На чешката олимпијка во Пјонгчанг в четврток и претстојат натпреварувањата во паралелен велеслалом и сноуборд./МИА

Leave a Reply