ЗОИ 2018: Хиршер триумфираше и во велеслалом

Сподели со своите пријатели

Австрискиот скијач Марсел Хиршер триумфираше на трката во велеслалом на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Тој до златниот медал стигна за време од две минути, 18 секунди и четири стотинки.

Втор трката ја заврши Хенрик Кристоферсен од Норвешка, додека третопласиран беше Французинот Алекси Пинтуро.

Ова е второ злато за Хиршер на игрите во Пјонгчанг, откако претходно победи и во алпска комбинација. /МИА

Leave a Reply