ЗОИ 2018: Германија ја потврди својата доминација во нордиска комбинација

Сподели со своите пријатели

Светскиот шампион Германија триумфираше со олимписката титула во тимската трка во нордиска комбинација. Винценц Гајгер, Фабијан Рисле, Ерик Френцел и Јоханес Ридзек завршија за 46:09.8 минути по ски-скокови на голема скокалница и 4 по 5 километри крос-кантри скијање.

Бундестимот беше апсолутен фаворит откако Ридзек, Рисле и Френцел освоија прво, второ и трето место во индивидуалната трка од големата скокалница во Пјонгчанг, а Френцел ја зеде индивидуалната титула од малата скокалница.

Втор на 52,7 секунди заврши олимпискиот првак од Сочи 2014 Норвешка, а бронзата со заостанување од 1:07.8 минута ја заслужија Австријците, како и на Игрите пред четири години.

Тоа беше, исто така, тројката од последното Светско првенство во Лахти 2017 година.

Австрија тргна со предност од 6 секунди пред Германија, со 19 секунди пред Јапонија и со 27 секунди пред Норвешка по ски-скокови, но уште по првата смена, Гајгер го изведе Будестимот на врвот со 12 секунди пред Норвежаните и Австријците.

Рисле во голема мерка ја предреши борбата за првото место, откако во втората замена додаде уште 30 секунди до предноста на Германија, а по третата на Френцел, предноста на „панцирите“ достигна минута.

Непосредно пред тоа, Ридзек направи водство од скоро минута и пол, и на финалната прва го зеде националното знаме и заврши со него.

Во спорот за второто место Норвежаните и Австријците направија предност во најслабата, трета смена на Јапонија, а 2 километри пред крајот Јогрен Грабак нападна и го донесе среброто на скандинавците.

Германија ги освои златните медали во сите три трки од нордиската комбинација во Пјонгчанг, откако најуспешно се претстави Френцел со две златни и едно бронзено одличје.

Нордиска комбинација, тимови, ски-скокови и 4х5 крос-кантри:

1. Германија (Винценц Гајгер, Фабијан Рисле, Ерик Френцел и Јоханес Ридзек) – 46: 09.8 минути

2. Норвешка (Јан Шмит, Еспен Андерсен, Јарл Магнус Рибер, Јорген Грабак) – 47: 02.5

3. Австрија (Вилхелм Денифл, Лукас Клапфер, Бернхард Грубер, Марио Зајдл) – 47: 17.6

4. Јапонија – 48: 18.6

5. Франција – 48: 37.0

6. Финска – 48: 40.5. /МИА

Leave a Reply