Знаете ли зошто ни пукаат прстите на рацете?

Сподели со своите пријатели

Човековото тело е како машина за произведување на бескраен спектар на различни звучни ефекти. Некои лесно се разбираат како што е свиркањето и кивањето, меѓутоа, некои се крајно мистериозни, како што е пукањето на зглобовите на прстите.

Loading...

Експертите никогаш не успеале до крај да го објаснат феноменот на звукот на пуцкањето на една единствена коска – освен тоа што навистина не пука.

Најприфалтивата теорија тврди дека овој звук предизвикува повторно наместување на зглобовит еили поместување на тетивата. Најдоброто објаснување можеби е дека пуцкањето на коските е поврзано со меурчињата на јаглен диоксид кои се или создаваат, или пукаат во течноста која ги подмачкува зглобовите.

Но, се ова еден долг временски период било само претпоставка.

Меѓутоа, истражувањето претставено на состанот на Здружението на радиолози во Северна Америка во голема мерка ја потврдило теоријата за меурчињата.

Професорот по радиологија Робер Будин од Универзитетот Калифорнија регрутирал две групи на луѓе. Едната ја сочинувале 30 мажи и жени кои сите пуцкале со прстите. Тогаш борјот на години кога тие пуцкале со прстите со просечниот број на дневни пукања и дошол до бројка од 33 до 800 години пукање по пациент. Потоа ангажирал уште 10 личности кои тоа не го правеле.

Од сите учесници било побатано да пукаат со прстите почнувајќи со базата на секој прст, а целиот процес бил скенирал со ултразвук.

Од 400 повторувања, во 62 случаи било забележано пукање на зглобовите – значително помалку од предвиденото.

Loading...

За да се елиминира можната пристрасност, Будин и неговит еколеги сите снимки ги предале на радиолозите кои не учествувале во студијата и не знаеле кои зглобови произвеле специфичен звук, а кои не.

Сепак, тие успеале да ги идентификуваат зглобовите кои правеле звук на пукање со прецизност од 94%. Будин по ствоето истражување бил сигурен дека го има одгворорот за тоа кој е виновникот за овој специфичен звук и тврди дека теоријата со меурчињата е добра.

Сигурни сме дека звукот на пукање и блеското кој се појавува при ултразвукот се поврзани со динамичките промени на притисокот кој е во врска со гасните меурчиња во зглобовите – вели Бутин.

Единствената работа која не е разрешена е дали звукот прави предизвикување или пукање на меурчињата, но истражувачите сметаат дека звукот секогаш претходел на одблесок, што укажува на формирање на меурчињата, а не на нивното губење.

За среќа личноста која пука со своите зглобови, и на несреќа на оние кои би сакале да престанат со тоа, пукањето со прстите не доведува до болка или отекување на зглобовите.