Знаци за дефицит на цинк во организмот

Сподели со своите пријатели

Каква е состојбата на кожата и косата, страдате ли често од несоница и настинки? Тогаш најверојатно имате дефицит на цинк.

Loading...

Видете неколку сигурни знаци дека треба да јадете почесто храна богата со минерали.

Пад на имунитетот

Ако често страдате од инфекции и настинки, тоа може да се должи на падот на имунитетот. Без соодветни нивоа на цинк, организмот е изложен на ризик.

Кожни проблеми

Дали знаете дека околу 6% од цинкот, кој се наоѓа во организмот е локализиран во кожата . Неколку студии покажуваат дека луѓето кои страдаат од акни имаат пониски нивоа на цинк.

Алергии

Стресот, динамиката на секојдневниот живот, неправилната исхрана, можат да доведат до појава на надбубрежен замор, што може да доведе до недостаток на цинк. Цинкот игра важна улога во блокирањето на ослободувањето на хистамин во крвта.

Loading...

Зголемените нивоа на хистамин, кој тече низ циркулаторниот систем, може да доведат до типичните симптоми на алергија, како течење на носот, црвенило, оток, кивање и т. н. А, исто така може да се зголеми целокупната чувствителност на алергени.

Пречки во спиењето

Хормонот одговорен за добриот сон е Мелатонинот. Цинкот игра значајна улога во производството и регулирањето на мелатонин. Според истражувањето, усвојувањето на исхраната која содржи мелатонин, магнезиум и цинк, го подобрува квалитетот на спиењето кај луѓето кои страдаат од несоница.

Паѓање на косата

Ниските нивоа на хормоните на тироидната жлезда може да укажуваат на тоа дека вашето тело нема доволен прием на цинк. Ова може да ја наруши цврстината и убавината на косата.

Проблеми со плодноста

Цинкот е од особено значење за нормален развој на тестисите и подвижноста на сперматозоидите. Кај жените дефицитот на минералот се поврзува со предвремено породување, продолжено раѓање, мала тежина на бебето при раѓање и други.

Кои се изложени на ризик од дефицит на цинк?

Loading...

Луѓето кои почитуваат нездрави диети, возрасни луѓе или оние кои консумираат повеќе алкохол, бремени и доилки , тинејџери за време на раст, пациенти со дијабетес и други.

За да спречите дефицит на цинк во организмот јадете почесто од оваа храна:

Остриги

Говедско, јагнешко, пилешко месо

Семки од тиква

Ѓумбир

Бразилски ореви (не повеќе од 10 ореви на ден), кикирики, бадеми, ореви

Грашок, грав

Loading...

Овес или леќа

Leave a Reply