Значително зголемен природниот прираст во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4% и изнесува 5 683 родени деца.

Loading...

За разлика од бројот на родени кој е во опаѓање, бројот на умрени лица во второто тромесечје од оваа година е зголемен и тоа за 2,3% во споредба со истиот период од 2014 година, кога починале 4,892 лица. Што значи дека природниот прираст изнесува 791 жител, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на починатите.

Што се однесува до Општина Куманово, во второто тромесечје вкупно биле родени 280 лица, а 245 починале, од кои 3 новороденчиња, односно деца кои не наполниле една година. Споредбено со првите три месеца од годината кога биле родени 274, а починале 331 лице, природниот прираст во Куманово бележи зголемување во второто тримесечје и изнесува 35 лица, додека во првите три месеци од 2015 година истиот бил во негатива од 57.

Само за споредба во Општина Липково во второто тримесечје има благ пад на природниот прираст од 39 во првото, на 24 жители во второто тримесечје од годината, додека во Општина Старо Нагоричане имаме мало зголемување на природниот прираст од -20 на -16, но и понатаму истиот е во негатива, што значи дека повеќе жители умираат, отколку што се раѓаат.