Значително ниски утрински температури за овој период од годината

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија денеска во утринските часови ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено значителна облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен, односно североисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе биде шест степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 6 степени целзиусови.

 

Loading...

 

До сабота поради влијанието на студената воздушна маса, разведрувањето и снежната покривка која ја има во поголем дел од земјава, утринските температури ќе бидат значително ниски за овој период од годината.

Во следните два дена се очекува да бидат во интервал од -8 до -1, во сабота од -6 до 0, а веќе од недела ќе бидат во позначителен пораст.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply