„Златна грозница“ – Најголем напад на Амазонија во последните 50 години

Сподели со своите пријатели

Бразилската влада го укина големиот национален резерват во Амазонија, кој се протега на 46.000 километри квадратни, за да во таа област се овозможи вадење на руда.

ВВС пренесува дека се верува дека таа област е богата со злато и други руди.

Таа заштитена област е укината по директна наредба на претседателот Мишел Темер. Иако Владата ветува дека девет заштитени и староседелски области ќе бидат законски заштитени, активистите стравуваат дека истите би можеле да се загрозат.

Меѓутоа од Министерството за рударство и енергетика порачуваат дека ќе ги заштитат шумските области и староседелските населби нема да бидат загрозени.

Целта на оваа мерка е да се привлечат нови инвестиции кои ќе донесат богатство на оваа земја, како и нови работни места и приходи, секогаш базирани на принципот на одржливоста – се наведува во соопштението од министерството.

Опозицискиот сентарот Рандолге Родригез ја осудил ваквата одлука нарекувајќи ја најголем напад на Амазон во послединте педесет години.

Според извештајот на Светската фондација за природа гавните области за експлоатација на бакар и злато се наоѓаат во заштитените области. Од таму препорачуваат и на потенцијален конфликт со староседелците во резерватите кои се во релативна изолација.