Златен накит и часовници запленети на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Златен накит, женски алки, прстени, ѓердани и брошеви со тежина од 440 грама и осум употребувани машки и женски рачни часовници запленија цариниците на 23 јули годинава.

Имено до заплената дошло кога на граничниот премин Табановце се пријавило патничко моторно возило со швајцарски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин. При преглед на возилото, во багажниот простор од возилото во мала шарена кесичка за накит и тоалетен несесер сместени во црно пластично ќесе во просторот наменет за чување на помошен прибор бил пронајден накитот  во вредност од околу еден милион денари.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а судијата на претходна постапка му изрече мерка претпазливост одземање на патната исправа.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...