Зимска бура прави хаос во САД и Канада (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада.

Loading...

Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е исклучена во некои земји на југоистокот.

Вирџинија, Џорџија, Северна и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба, додека стотици илјади домови на северозападот останаа без електрична енергија.

 

 

Источниот дел на САД во неделата го погоди жестока зимска бура, која пристигна од средниот запад и донесе снег, мраз, бурни ветрови и торнада, а потоа продолжи со немилосрдниот марш.

Десетици илјади луѓе останаа без струја во Џорџија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Флорида.

Loading...

 

 

Патролите пријавија стотици сообраќајни несреќи на автопатите, а торнадо проби и парк за приколки на Флорида.

Две лица загинаа кога нивниот автомобил излетал од патот и удрил во дрво во близина на Рајли во Северна Каролина.

Повеќе од 1.200 неделни летови се откажани на аеродромот во Шарлот, Северна Каролина.

 

Loading...

 

Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека невреме ќе погоди поголем дел од источниот дел на САД во следните два дена и ќе донесе повеќе од 30 сантиметри снег во некои области.

Има и прогнози за можни поплави на крајбрежјето во некои области, вклучувајќи го градот Њујорк и делови од Конектикат, со предупредувања дека патиштата и инфраструктурата може да бидат зафатени.

 

 

Во канадската провинција Онтарио, која се граничи со државата Њујорк, Агенцијата за животна средина утринава издаде предупредувања за невреме во поголемиот дел од југот, каде се очекува снег да почне да паѓа во вечерните часови по локално време.

 

Loading...

 

Се предвидува дека во Торонто, главниот град на провинцијата Онтарио и најголемиот канадски град ќе наврнат 20 сантиметри снег.

 

 

Loading...